Манчестер Сити нема да жали пари на „Етихад“ да ја донесе ѕвездата на Милан и португалски репрезентативец, Рафаел Леао.
Најголема желба на Гвардиола е најдобриот играч од Серија А и ѕвезда на Милан, Рафаел Леао, па „граѓаните“ веќе спремиле понуда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Сити испратил понуда од 120 милиони евра за неговиот потпис, а на Португалецот му нуди плата од 12 милиони евра по сезона.
Доколку Леао не стави потпис на нов договор, тогаш Милан е спремен да ја прифати понудата. „Росонерите“ му нудат нов договор и плата од 7 милиони евра по сезона.
📰 @DAZN_IT: Manchester #City ready to make 120M bid for #Leao with 12M a year salary. #Milan's maximum offer is 7M. pic.twitter.com/i1UwA6d0Bs
— Milan Posts 🏆🇮🇹 (@MilanPosts) December 29, 2022