Шпанските медиуми утрово пренесуваат ексклузивна вест дека Александар Коларов наскоро може да стигне во Ла Лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Спрема пишувањата на Elgol Digital, за услугите на србскиот репрезентативец сериозно е заинтересиран Атлетико Мадрид, кој бара замена бидејќи веројатно ќе остане без бековите Филипе Луиз и Лукас Ернандез.
Ернандез би требало да потпише за Баерн, а Луиз се поврзува со Реал Бетис кој силно посакува да го ангажира уште во јануари.
Симеоне би можел да остане во дефицит на позицијата лев бек, а тука Коларов се наметнува како идеално решение и покрај тоа што има 33 години. Со оглед на одличната физичка подготвеност, сигурно е спремен за уште неколку години фудбал на врвно ниво.
Коларов зад себе има богата кариера, а член на Рома стана во 2017. година кога потпиша договор до летото 2020.