Каталонски „Спорт“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека напаѓачот на Интер, Алексис Санчез е пред трансфер во Барселона.
Барселона бара засилување во нападот, каде во моментов Чави на располагање ги има само Депај и Лук де Јонг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека претседателот Лапорта е во завршни преговори со Интер за позајмица на Санчез до крајот на сезоната.
Чилеанецот не добива голема минутажа на „Џузепе Меаца“, а има висока плата, па Интер е спремен да се ослободи од него. Чави одлично го познава Санчез бидејќи играа заедно во Барселона, а напаѓачот нема ништо против да се врати на „Камп Ноу“.
#FCB 🔵🔴
— Diario SPORT (@sport) December 15, 2021
🚨 NOTICIA SPORT
💣 ¡Bombazo, Alexis Sánchez podría volver al Barça!
✍🏼 @josepcapdevilahttps://t.co/5rwKE9AlWG