Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Јунајтед ја „краде“ големата ѕвезда на Сити!?

„Бомба“ од Островот: Јунајтед ја „краде“ големата ѕвезда на Сити!?

Медиумите на Островот лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Манчестер Јунајтед сака да го „украде“ Рахим Стерлинг од градскиот ривал.

Многу работи ќе зависат од одлуката на УЕФА во однос на казната на Манчестер Сити за настап во европските натпреварувања во следните две сезони. Доколку таа остане на сила, многу ѕвезди на „граѓаните“ ќе сакаат да ја променат средината.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Индепендиент“ најавува дека Манчестер Јунајтед подготвува понуда за Рахим Стерлинг, но само во случај ако Сити не успее да се избори за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Неодамна Стерлинг призна дека како дете навивал за Јунајтед, па нема да има ништо против да се пресели на „Олд Трафорд“.

Доколку се реализира овој трансфер секако би бил еден од најскапите во историјата на Премиер лигата, но и еден од нашокантните.

Солскјер бара засилување на таа позиција, до сега како прва опција се споменуваше Џејдон Санчо, но „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го донесат Стерлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…