Дома Фудбал Бомба од Островот: Ансу Фати се сели во Премиер лигата

Бомба од Островот: Ансу Фати се сели во Премиер лигата

Ансу Фати се најавуваше како наследник на Лео Меси, но честите повреди го забавија неговиот развој.

Младиот напаѓач се надаваше дека оваа сезона ќе добие шанса да блесне, но Чави има други планови и на почетокот од новата сезона доверба му укажа на 16 годишниот Ламине Јамал.

Па откако му стана јасно дека ќе има ограничена минутажа, Ансу Фати оваа недела реши да го напушти Камп Ноу.

Неколку клубови од Премиерлигата како Челси, Арсенал и Тотенхем пројавија интерес, но нааѓачот на крајот изненади со изборот.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Ансу Фати е многу блиску до преселба на позајмица во Брајтон, се решил на еден ваков чекор по разговорот со тренерот Роберто Де Зерби, кој му ветил дека ќе игра клучна улога во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Митрески предлага дуел со Русија, но договорен натпревар нема

Игор Митрески сака враќање на Русија во меѓународниот фудбал и предлага пријателска средба…