Дома Фудбал Италија БОМБА ОД ИТАЛИЈА: Човекот кој го најави трансферот на Роналдо, знае кој ќе биде тренер на Јувентус!

БОМБА ОД ИТАЛИЈА: Човекот кој го најави трансферот на Роналдо, знае кој ќе биде тренер на Јувентус!

Скоро цела Италија е убедена дека тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ќе заработи отказ.

Навивачите се незадоволни од стилот на игра кој го форсира Италијанецот, сметаат дека овој тим на Јувентус има капацитет да игра за „гол повеќе“. Италијанците секогаш се бранеле, но она што го прави Алегри за многумина е неприфатливо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Јувентус наредната недела го очекува реваншот во осминафиналето од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид каде што „старата дама“ е во тешка позиција поради поразот на првиот од натпревар од 2:0.

Веќе некое време се шпекулира за можните наследници на Алегри. Се споменуваа Конте, Дешам, Гвардиола и Зидан. Зидан важеше за фаворит, меѓутоа сега новинарот Луиџи Гуелп најавува вистинска бомба и вест која сигурно навивачите на „старата дама“ посакуваат да е вистина.

Луиџи Гуелп го најави трансферот на Ронало во Јувентус и тогаш многумина не веруваа во неговите зборови, а сега го тврди следното – Гвардиола се договорил со Јувентус!

guardiola

Освен тоа дека Гвардиола постигнал договор, тој тврди и дека ја знае должината на договорот за кој тврди дека ќе биде потпишан на четири години.

„Сакам да ви кажам дека знам кој ќе биде тренер на Јувентус. Гвардиола постигна вербален договор со Јувентус за договор на четири години“, изјави Гуелп за италијанското радио „ЦРЦ“.

Навистина сензационална вест, но како што споменавме така изгледаше и кога зборуваше за Роналдо…Дали е повторно во право времето ќе покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…