Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го напушти „Олд Трафорд“ и да направи шокантен трансфер во редовите на италијанскиот шампион Јувентус.
Така тврдат британските и италијански медиуми кои пишуваат дека Јувентус покажува сериозен интерес за Англичанецот. „Сан“ пренесува дека „бјанконерите“ веќе работат на трансферот и се спремни да платат 74 милиони евра за потписот на Рашфорд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Рашфорд не добива голема минутажа кај Жозе Мурињо и тоа може да биде клучно во неговата одлука да ја промени средината. Во моментов раководството на Манчестер Јунајтед не е спремно да се раздели со младата ѕвезда, но незадоволството кај Рашфорд расте од ден на ден.
20-годишниот Рашфорд има договор со Манчестер Јунајетд до 2020 година, но е фристриран од фактот дека не добива доволно минутажа. Покрај Јувентус силен интерес за него покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата.
It's no surprise people are interested in him. #mufc https://t.co/RCN5OhaILn
— Man United News (@ManUtdMEN) October 18, 2018