Италијанските медиуми утрово лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека „чудото од напаѓач“ Ерлинг Халанд ќе се пресели во Јувентус во јануарскиот преоден рок.
Манчестер Јунајтед важеше како фаворит за неговиот потпис, но повторно клучна улога одигра агентот Мино Раиола кој најверојатно ќе го однесе својот клиент во Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
19-годишниот Норвежанец ја воодушеви фудбалска Европа оваа есен со настапоте во Лигата на шампиони, па многу европски гиганти се борат за неговиот потпис.
Халанд е особено атрактивен за гигантите бидејќи во договорот има откупна клаузула од 30 милиони евра која важи само за јануарскиот преоден рок.
„Тутоспорт“ пренесува дека Халанд го избрал Јувентус и дека ги договорил сите детали со италијанскиот гигант.
Пресудна улога одиграл Мино Раиола, кој е во одлични односи со „старата дама“. Агентот од Манчестер Јунајтед бараше 12 милиони евра провизија, која „црвените ѓаволи“ не сакаа да ја платат.
Јувентус ќе му понуди опција на Салцбург напаѓачот да остане во Австрија до крајот на сезоната, а следното лето да се пресели во Торино.