Реал Мадрид со сигурност во финишот на летниот преоден рок ќе се обиде да донесе барем уште едно засилување, а навивачите на овој клуб веќе со недели ја чекаат замената за Кристијано Роналдо.
Кралскиот клуб се уште ова лето не донесе звучно засилување. што не е типично за нив, посебно кога се знае дека останаа без Роналдо. Навивачите се сигурни дека Перез до самиот крај ќе се обиде да донесе големо име на Сантијаго Бернабеу.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првата желба му беше Еден Азар, но Челси одби да го продаде овој играч, а според пишувањата на шпанските медиуми Реал сега е заинтересиран за Дибала. Марка синоќа објави дека Кралскиот клуб на адресата на Јувентус испратил понуда вредна 180 милиони евра за аргентинскиот напаѓач.
Сепак, од Јувентус веднаш му порачале на Перез дека Дибала не е на продажба и подобро да се посвети на некои други играчи.