Трофејниот португалски стратет Жозе Мурињо моментално е без ангажман и често се поврзува со многу клубови, а веќе од следната недела би можел да има нов ангажман.
Француските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо дошол на преговори во Лион и дека исходот на преговорите се очекува наредните денови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Единствен проблем можат да бидат финансиските барања на Мурињо, но претседателот на Лион неодамна потврди дека „Специјалниот“ е спремен да ги намали барањата доколку дојде до преговори.
Како потенцијални кандидати за потпишување договор со Мурињо се уште Рома, Интер и Баерн Минхен, но во моментов Лион е во пол позиција и во наредните денови се очекува конечна одлука.
Медиумите тврдат дека „Специјалниот“ утрово пристигнал на аеродромот и наскоро се очекуваат повеќе информации.
Лион има добар тим, Мурињо ќе може да работи мирно и без притисок. Веројатното доаѓање на Специјалниот ќе ја запре продажбата на клучните игрчи од тимот, а најголем предизвик секако ќе биде да стави крај на доминацијата на ПСЖ.
An @Entreprendre journalist ran into José Mourinho at Lyon Saint-Exupéry airport this morning, the economics-focused news outlet claims.
— Get French Football News (@GFFN) April 9, 2019