Како што пренесуваат англиските медиуми Јувентус е силно заинтересиран за ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.
23-годишниот Англичанец блеска оваа сезона во Манчестер Јунајтед и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака на лето да го донесе во Торино.
Рашфорд има договор со Манчестер Јунајтед до 2023 година, а се наведува дека Јувентус е спремен да понуди 100 милиони евра за неговиот потпис.
Англичанецот оваа сезона на 34 меча за Јунајтед, постигна 16 гола и е еден од најдобрите играчи во тимот, па тешко дека Солскјер лесно ќе се откаже од него.