Јувентус подолго време се обидуваше да се ослободи од Даглас Коста за да го донесе Федерико Киеза и конечно успеа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Скај Италија“ пренесува дека Јувентус и Баерн постигнале договор и Даглас Коста ќе се врати во Минхен.
Бразилецот утре ќе пристигне на лекарски прегледи и ќе игра во Баерн на едногодишна позајмица. Тоа за него ќе биде враќање на „Алијанц Арена“ од каде пристигна во Јувентус.
Со тоа „бјанконерите“ отворија простор за ангажман на Федерико Киеза. Фиорентина ја прифати понудата од 60 милиони евра која Јувентус ќе ја плати на четири рати.
Утре италијанскиот репрезентативец треба да ги мине лакарските прегледи и да го комплетира трансферот.