Тимот на Пари Сен Жермен веќе е во потрага по замена за Килијан Мбапе кој како што стојат работите ќе се пресели во Реал Мадрид.
На мета на Французинот е првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, пренесува „Скај Спорт“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според најавите, ПСЖ ќе тргне по потписот на Рашфорд, доколку добијат информација дека англискиот напаѓач е спремен да си замине од „Олд Трафорд“. Англискиот репрезентативец блескаше минатата сезона, но сезонава повторно се мачи и на 28 натпревари постигна пет гола и подели шест асистенции.
Освен тоа во последно време Јунајтед има проблеми и со дисциплината на Рашфорд. Останува да се види во наредниот период дали ПСЖ може да дојде до потписот фудбалерот на Манчестер Јунајтед.
Paris Saint-Germain will reportedly make another attempt to sign Man Utd's Marcus Rashford in the summer if they get an inkling of him being interested in leaving his boyhood club 🔴🗞️
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 7, 2024