Дома Фудбал Лига на шампиони Болт даде своја прогноза за натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус

Болт даде своја прогноза за натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус

bolt

Вечерва на „Олд Трафорд“ силите ќе ги одмерат Манчестер Јунајтед и Јувентус во пресрет на натпреварите во Лигата на Шампионите.

Пред овој натпревар своја прогноза даде и Усаин Болт, најбрзиот човек во светот кој во последно време се бави со фудбал. Познат како голем навивач на Манчестер Јунајтед, Болт очекувано му даде предност на својот омилен клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислам дека не очекува голем натпревар. Се среќаваат два одлични тима кои имаат богата историја и гордост. Јуве игра одлично во Серија А и Лигата на Шампионите, додека резултатите на Јунајтед не се баш такви какви што треба да бидат. Сепак, предвидувам победа на Јунајтед“, изјави Болт, па продолжи:

„Манчестер Јунајтед игра на свој терен и тоа е огромна предност, бидејќи не е исто да се игра на „Олд Трафорд“ и некое друго место. Верувам дека Јунајтед ќе победи, но нема да има многу голови. Мојата прогноза е 1:0“

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус се игра со почеток од 21:00.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…