Дома Фудбал Италија Болоња објави соопштение од болницата за состојбата на Михајловиќ

Болоња објави соопштение од болницата за состојбата на Михајловиќ

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ пред неколку дена излезе од болницата во која се лекуваше и се наоѓа во одлична состојба.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Михајловиќ излезе од болницата во Болоња каде што го заврши првиот циклус од борбата со леукемијата.

Болоња денес објави и официјално соопштение од болницата во која се лекуваше спрскиот стратег. Во соопштението се тврди дека коскената срж било успешно трансплатирана и Михајловиќ се наоѓа во одлична состојба.

„На 22 ноември 2019 година Михајловиќ доби дозвола да го напушти Институтот за хематологија откако му беше извршена успешна трансплатација на коскена срж од непознат донор на 29 октомври 2019 година. Пациентот се наоѓа во одлична состојба“, стои во објавеното соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Богат европски клуб го бара Малдини за директор

Паоло Малдини нема ангажман откако ја напушти позицијата технички директор на Милан. Зошто…