Како што е традицијата, во Премиер лигата еден ден после Божиќ се игра фудбал на традиционалниот „Боксинг деј“.
19-тото коло денес беше отворено со натпреварот помеѓу Њукасл и Нотингем, а на крајот оваа средба заврши со изненадувачка победа на гостите од 1:3. Еден од најдобрите натпревари во кариерата го одигра Крис Вуд, екс-напаѓачот на Њукасл.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Не изгледаше дека Њукасл ќе има проблеми кога преку Исак дојде до до водство со гол од пенал во 23-тата минута. Нотингем пред крајот на полувремето дојде до изедначување со првиот гол на Вуд на оваа средба.
Се очекуваше во вториот дел Њукасл да тргне офанзивно и да ја оправда фаворитската улога, но место тоа видовме два гола во мрежата на Дубравка. Двата беа дело на Вуд кој комплетираше хет-трик и немаше милост против поранешниот клуб.