Дома Фудбал Останато Бока немаше шанси на „Монументал“: Ривер со една нога во финале! (ВИДЕО)

Бока немаше шанси на „Монументал“: Ривер со една нога во финале! (ВИДЕО)

Ривер Плата во првото полуфинале од Копа Либертадорес без поголеми проблеми на својот „Монументал“ го совлада најголемиот ривал Бока Јуниорс со резултат 2:0.

Тимот на Ривер одигра одличен натпревар и Марсело Гаљардо целосно го надмурди Густаво Алвардо на другата страна, па Бока на крајот и добро помина со два гола во мрежата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Домаќинот поведе уште во седматаминута. После прекршокот во казнетиот простор над Боре и прегледот на ВАР беше досуден пенал. Токму Боре беше прецизен од белата точка за предност на Ривер од 1:0.

Во текот на комплетното прво полувреме домаќинот доминиршае. Сепак и покрај повеќето шанси домаќинот не успеа да го најде патот до противничката мрежа и на полувреме се замина со минимални 1:0.

Треба да се истакне дека Бока најдобрата шанса за погодок ја имаше кон крајот на првото полувреме, но Николас Капалдо промаши зицер.

Во продолжението апсолутно иста слика на теренот. Играта на Бока беше безидејна, а Ривер искористи шанса во 70-тата минута кога после фантастичната асистенција на Матиас Суарез погоди Начо Фернандез.

Тие 2:0 се покажаа и како конечен резултат.

Реваншот се игра за три недели на „Ла Бонбоњера“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…