„Росонерите“ под водство на Џенаро Гатузо конечно започнаа да играат нешто подобро, но сегашниот напаѓач на Ријека и поранешен на Јувентус и Манчестер смета дека во ваков Милан и тој би можел да игра.
Валери Божинов повторно е во центарот на вниманието на италијанските медиуми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Играв и против Милан, им дадов гол на „Сан Сиро“, изјави Бугаринот како најава за натпреварот помеѓу Лудогрец и Милан во Лигата на Европа.
Сегашниот играч на Ријека смета дека Милан е просечен тим.
„Во оваа екипа на Милан би можел и јас да играм, сигурно дека Калиниќ и Силва не се подобри од мене. Кутроне ми се допаѓа, но но нема да биде голем играч, иако има големо срце“, изјави Божинов кој потоа повторно се пофали себе си.
„Имав талент да играм за Реал. Во Лече Вучиниќ, Шевантон, Џакомаци и јас би биле основа на една екипа која денес би се борела и за Скудетото“, тврдеше Божинов.