Кошаркарите на Јута се вратија на победите после двата врзани порази.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во еден од најинтересните натпревари во изминатата ноќ Јута беше подобра од Атланта со 110:98 и така стигна до осмата победа сезонава. Најефикасен во редовите на Јута беше Донован Мичел кој постигна 27 поени. Добра поддршка на Мичел беа Богдановиќ со 18 и Кларксон со 16 поени. Кај Атланта Хуертер постигна 28, три скока и три асистенци, солиден настап забележа и Трае Јанг со 28 поени и шест асистенции.
Актуелните шампиони Милвоки Бакс забележаа триумф над Филаделфија. Шампионот беше предводен од Антетокумпо кој уфрли 31 поени и запиша 16 скока, така беше најзаслужниот за победата на неговиот тим. Од почетокот на сезоната Милвоки игра променливо и во овој момент се на учинок од пет победи и шест порази.
И во третиот натпревар кој се играше ЛА Клиперс забележаа победа на домашен терен против Портланд 117:109.