Дома Останати Кошарка НБА Богдановиќ го одигра натпреварот на сезоната, Бил и Вестбрук ја срушија Јута, Леброн одличен против Шарлот 🎥

Богдановиќ го одигра натпреварот на сезоната, Бил и Вестбрук ја срушија Јута, Леброн одличен против Шарлот 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Во овие натпревари посебно се истакна Бредли Бил кој постигна дури 43 поени во победата на Вашингтон над Јута (131:122), додека на другата страна Мичел уфрли 42. Расел Вестбрук стигна до нов трипл-дабл со учинок од 35 поени и 13 скокови. Ефикасен беше и Џо Инглс кој кај Јута постигна 34 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леброн Џејмс уфрли 37 поени во победата од 116:105 на Лејкерси против Шарлот.

Солидна вечер имаше и Демијан Лилард кој со 36 поени го предводеше Портланд до триумф против Њу Орлеанс Пеликанс (101:93). Кај гостите Зијон Вилијамсон уфрли 26 поени и запиша 10 скокови.

Богдановиќ го одигра мечот на сезоната и постигна 23 поени во победата од 116:93 на Атланта против Оклахома. Минесота во Феникс триумфираше со 123:119, а Едвардс успеа да стигне до 42 поени за гостите, неговиот соиграч Таунс уфрли 41 поен и додаде 10 скокови.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Јута 131:122, Атланта – Оклахома 116:93, Њујорк Никси – Орландо 94:93, Феникс – Минесота 119:123, Портланд – Њу Орлеанс 101:93, Лејкерси – Шарлот 116:105

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…