Дома Останати Кошарка Богдановиќ го менува клубот и станува најплатениот спортист на Балканот

Богдановиќ го менува клубот и станува најплатениот спортист на Балканот

Со првиот ден од месец јули во САД започнува преодниот рок за играчи во најсилната кошаркарска лига на светот.

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Хрватска, Бојан Богдановиќ е желба на бројни НБА клубови веќе некое време, а иако не се знае каде ќе ја продолжи кариерата, сигурно се знае дека нема да остане во Индијана.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според последните информации од САД, Јута е клубот кој најмногу го посакува во своите редови, а за Хрватот спрема понуда тешка 18 милиони долари годишно. Со тоа Богдановиќ ќе стане далеку најплатениот спортист на Балканот.

Со одличниот Донован Мичел и Руди Гобер, и со евентуалното доаѓање на Богдановиќ, Јута ќе се промовира во една од екипите кои ќе се борат за највисок пласман следната сезона.

Доколку се пресели во редовите на Јута, тоа би бил четврт тим во неговата НБА кариера откако претходно ги носеше дресовите на Бруклин Нетс, Вашинтон и Индијана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најлудиот кош сезонава во Евролигата 🎥

Французинот Нандо де Коло го кој важи за еден од најдобрите шутери во НБА лигата го постиг…