Дома Фудбал Останато Богатиот Саудиец кој не го купи Њукасл испратил понуда за Интер!

Богатиот Саудиец кој не го купи Њукасл испратил понуда за Интер!

Веќе некое време се најавува дека кинеските сопственици на Интер бараат некој кој ќе го купи клубот.

Претходно се шекулираше дека „Би-Си Партнерс“ се во преговори, но сега тие повеќе не се во пол позиција. Според најновите информации, Интер може да заврши во рацете на инвестициониот фонд кој го предводи принцот од Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мохамед Бин Салам пред неколку месеци беше многу блиску да го купи англиски Њукасл, но сепак на крајот тие преговори пропаднаа, па не успеа да влезе во премиерлигашот.

Се тврди дека Бин Салман веќе ја доставил својата понуда до „Сунинг“ и се чека одговорот. Деталите за понудата не се откриени. Ќе споменеме дека Салман Њукасл сакаше да го купи за 300 милиони фунти.

Мохамед Бин Салман „тежи“ околу 7 милијарди фунти и секако дека може да промени многу работи во редвоите на италијанскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави нов кандидат за тренер на Баерн

Иaкo во Шпанија се појавија информации дека Зинедин Зидан е на чекор до тренер на Баерн од…