Бобан Николов во овој момент е во потрага по нов клуб откако ја раскина соработката со Лече.
Меѓутоа според последните најави од „Чизмата“ Николов може да остане во Италија затоа што за него интерес покажа Козенца. Наводно Николов и Козенца се веќе во преговори, а на Николво потребно му е побрзо да пронајде нов ангажман затоа што во септември го чекаат и обврските за Македонија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во минатата сезона Николов одигра 15 натпревари за Лече, клубот беше во игра, но не успеа да се пласира во Серија А.
Ќе потсетиме, покрај Николов Лече го напушти уште еден македонски фудбалер, Леонард Жута.