Јоаким Лев денес одлучи да отпише тројца играчи од репрезентацијата на Германија.
Така од репрезентацијата на Германија отпаднаа тројцата фудбалери на Баерн, Жером Боатенг, Матс Хумелс и Томас Милер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Жером Боатенг прв се огласи и порача дека е тажен што Јоаким Лев го отпишал и инсистира на тоа дека се уште може да игра на највисоко ниво.
Боатенг, Хумелс и Милер беа дел од тимот кој во 2014 година го освои Светското првенство во Бразил, а откако на последното Светско првенство во Русија Германија го заврши настапот во групната фаза, германската јавност го критикуваше Јоаким Лев, но токму и овие тројца играчи.
Германија во група со Шведска, Мексико и Јужна Кореа заврши на последното место во групата со три освоени бодови на три натпревари.
„Тажен сум поради оваа вест за мене секогаш беше голема работа да ја претставувам својата земја, сепак ја почитувам и разбирам одлуката на селекторот. И сам бев млад играч и чекав да ги заменам постарите колеги. Лично мислам дека можам се уште да играм на највисоко ниво и тоа ќе продолжам да се обидувам да го правам и во иднина“.
„Секогаш е убаво да се потсетам на убавите моменти кои ги поминав во репрезентацијата. Со гордост го носев дресот на оваа репрезентација и никогаш нема да го заборавам летото 2014 година. Среќно на екипата во иднина“, заврши играчот на Баерн.
Боатенг беше еден од клучните играчи во репрезентацијата на Германија на Светското првенство во Бразил и даде голем допринос во освојувањето на светската титула.