Дома Фудбал Италија Боатенг: Бев идиот еднаш купив три автомобили во еден ден

Боатенг: Бев идиот еднаш купив три автомобили во еден ден

Фудбалерот на Фиорентина Кевин Принс Боатенг во интервјуто кое го даде за „Ла Република“ отворено зборуваше за неговото минато и порача дека се однесувал како идиот.

Боатенг објасни како во еден ден купил три автомобили.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Купив три автомобили во еден ден додека играв за Тотенхем. Купив Кадилак, Ламбурџини и Хамер. Бев идиот. Имав голем талент кој воопшто не го искористив бидејќи не сакав да тренирам. Доцнев на секој тренинг, а прв си заминував. Во теретана воопшто не ни одев бидејќи ме мрзеше да тренирам. Повеќе сакав да одам со пријателите во град. Воопшто не го третирав фудбалот како работа“.

Боатенг после некое време станал свесен дека не е на прав пат и дека всушност е несреќен.

„Новиот автомобил вас ви носи среќа една недела, потоа станувате свесни дека тоа е всушност само еден предмет, проблемите кои ги имате се враќаат. Ја имав семејни проблеми поради кои патев, не играв во клубот и преку излегувањата и купувањето скапи предмети сакав да ставам еден вид на маска“, искрено зборуваше Боатенг.

Поранешниот репрезентативец на Гана сега своето искуство го користи да им помогне на помладите колеги.

„Секогаш им кажувам на помладите соиграчи дека материјалните работи не ги решаваат проблемите. Мораат да бидат ментално силни и да се борат“, изјави Боатенг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…