Човекот кој беше главен виновник што Кабиб Нурмагомедов влета во публиката и започна тепачка после борбата Конор Мекгрегор во октомври 2018 година беше Дилон Данис.
Овој ММА борец е познат повеќе по бизарните изјави отколку по борбите. Во таа ситуација во 2018 година дофрлуваше од публиката и го изнервира Кабиб кој тргна да се пресмета со него.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Данис е познат како голем пријател на Конор, беше и негов поранешен спаринг партнер. Тој сега е убеден дека ако денес би имало реванш Конор – Кабиб, Ирецот би бил победникот.
„Се надевам дека ќе има реванш и ако го има тоа нема да биде изедначена борба. Со ставот кој го има Конор сега и во душата би се обложил дека ќе го победи Кабиб. Верувајте ми, знам за што е способен Конор. Кабиб е еднодимензионален борец Конор би го нокаутирал“, изјави Данис.