Италијанскиот тренер Антонио Конте ќе остане на кормилото на Челси и покрај лошите резултати кои ги бележи под негово водство.
Актуелниот шампион на Англија во вторникот беше поразен по шести пат во сезоната, а прв пат од Ватфорд после 18 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради сето тоа дојде до медиумски шпекулации дека Конте наскоро може да добие отказ, меѓутоа Би-Би-Си тврди дека во Челси тоа воопшто не се размислува и дека имаат максимална доверба во Италијанецот.
Поддршка за Конте даде и капитенот на Челси, Гери Кејхил, нагласувајќи дека, покрај другото, играчите се тие кои мора да се погледнат во огледало.