Денес веројатно ќе го добиеме одговорот на прашањето ќе имаме нов ракометен шампион или Вардар ќе ја одбрани титулата.
Од 19:00 часот Вардар гостува во Битола, на црвено-црните им одговара и реми да останат на врвот, додека домаќините мораат да слават. Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде преполна билетите се распродадоа за само 17 минути од пуштањето во продажба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од битолскиот клуб сега упатуваат апел до навивачите се да помине во најдобар ред и без инциденти.
РК Еурофарм Пелистер ги известува сите љубители на ракометот кои купија билети и ќе го следат натпреварот од 12. коло на плеј-офот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 (сабота, 6 мај – 19:00 часот) дека вратите на спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе бидат отворени во 17:00 часот, а ќе се затворат во 18:30 часот.
Ги повикуваме присутните во салата да не носат со себе парички, тврди предмети, цигари, бидејќи истите на влезовите ќе бидат одземени.
На врвот на табелата Вардар и Еурофарм Пелистер се изедначени со по 33 бодови, а Алкалоид има шест помалку. Натпреварот во Скопје кој беше одбележан со инциденти заврши со победа на Вардар од 31:24.