Дома Македонски спорт Мак ракомет Битолчани не го заборавија Украинецот кој бранеше за РК Пелистер

Битолчани не го заборавија Украинецот кој бранеше за РК Пелистер

Војната во Украина погоди голем број спортисти, а еден од нив е украинскиот голман Виктор Горбах кој во минатото помина две сезони на голот на РК Пелистер, а претходно беше дел и од Младост.

Горбах во Пелистер пристигна во 2001 година и соработуваше со Зоран Атанасовски кој денес е во стручниот штаб на Еурофарм Пелистер 2 како кондициски тренер, истата функција ја имаше и во Пелистер при соработката со Украинецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атанасовски и по заминувањето на Горбах остана во близок однос со Горбах кој неколку пати и ја посетуваше Битола со неговата сопруга со цел да се види со старите пријатели. Во овие тешки моменти Горбах добил покана од Атанасовски и Миле Крстевски, кој е поранешен член на управата на РК Пелистер да биде нивни гостин додека трае војната.

Сепак желбата на Горбах да ја брани татковината била поголема и останал во Киев.

“Виктор остави многу добар впечаток кај нас во Битола и Пелистер, не можевме да не се обидеме да не му помогнеме на таков човек“, изјави Крстевски за нашиот портал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …