Во недела се игра дербито во македонското првенство кое ќе го одлучи шампионот во македонското првенство, Вардар ќе гостува во Битола.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Билетите за супер дербито во продажба беа пуштени денес точно напладне, а ги снема за 15-тина минути. Битолскиот тим во Скопје победи со 24:23 и Вардар мора да победи ако сака да ја одбрани титулата и реми ќе го направи Еурофарм Пелистер нов шампион.




Ова секако е под претпоставка двете екипи до крајот да останат перфектни во следните три кола. Билетите се продаваа по цена од 200 денари, а како што информиаа од таборот на пелистерци поради големиот интерес предност добиле оние фанови кои имаат сезонски билети.




Натпреварот се игра в недела на 1-ви мај од 19:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.