Дома Топ вести Битка на титаните за потписот на Алаба

Битка на титаните за потписот на Алаба

Ѕвездата на Баерн Минхен, Давид Алаба е на мета на најголемите европски гиганти, откако стана јасно дека нема да го продолжи договорот со Баварците.

Баерн вчера потврди дека ги прекинува преговорите со Алаба, чиј договор истекува на крајот на сезоната, па сега гигантите се „тепаат“ за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„АС“ тврди дека Алаба е голема желба на Реал Мадрид, но Барселона исто така ќе влезе во битката за неговиот потпис, особено поради фактот што играчот ќе биде слободен агент.

ПСЖ, Јувентус, Манчестер Сити и Ливерпул исто така покажуваат сериозен интерес за Австриецот, па се очекува наскоро да стапат во контакт со неговиот агент.

Весникот тврди дека Реал Мадрид и Барселона се во предност пред останатите клубови бидејќи Алаба преферира да се пресели во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…