Вечерва од 21:00 часот на „Националниот стадион“ во Варшава во битката за трофејот во Суперкупот силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Аталанта.
Во овој натпревар се очекува и дебито на Килијан Мбапе во кралскиот дрес, додека Реал ќе се обиде да испише нов рекод.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот тим во минатата сезона стигна до 15-тата титула во Лигата на шампионитео откако во финалето ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0.
Аталанта до натпреварот за овој трофеј стигна со триумфот над Баер Леверкузен од 3:0. Аталанта првпат ќе игра во европскиот суперкуп, па така таа е 41. тим кој добил прилика да игра во овој натпревар. За Реал од друга страна ова ќе биде деветти пат да се бори за трофејот.
Во редовите на Аталанта ќе бидат ослабени бидејќи нема да може да сметаат на Скамака, Скалвини и Компајнерс. Кај Реал пак ќе го нема Камвинга кој се повреди на вчерашниот тренинг.