Дома Останати Тенис Било пеколно топло: Првиот сет за Ѓоковиќ против Фриц бил еден од најтешките во неговата кариера

Било пеколно топло: Првиот сет за Ѓоковиќ против Фриц бил еден од најтешките во неговата кариера

Новак Ѓоковиќ во својата кариера освои бројни титули и сруши многу рекорди, а денеска го победи Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (7:6, 4:6, 6:2 и 6:3).

Интересна беше и изјавата на Ѓоковиќ по натпреварот истакнувајќи дека првиот сет против Фриц бил еден  најтешките во неговата кариера. Ако тоа го кажува Ѓоковиќ секако е по малку изненадувачки.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Првиот гем ми беше еден од најтешките кои сум ги играл во кариерата. Многу беше топло, најтопло оваа година. Фриц излезе со одличен план и ме притисна на основната линија, играше агресивно, бев приморан да трчам многу.

Во вториот сет сонцето зајде температурата падна, па беше полесно да се игра, успеав да ја пронајдам мојата игра и да победам“, порача Ѓоковиќ по мечот.

За место во финалето Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од мечот Синер – Рубљев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…