Хрватскиот тренер, Славен Билиќ по којзнае кој пат го преживеа отказот и остана на клупата на Вест Хем.
Билиќ ниту оваа сезона не бележи добри резултати со Вест Хем, се наоша на 16. позиција на табелата во ПЛ, и е во близина на опасната зона за испаѓање, а многумина го прогласија за некогашен по поразот на домашен терен од Брајтон со 3:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, челниците на Вест Хем не му дадоа отказ, но затоа пак му поставија ултиматум.
Пред Вест Хем се два натпревари во краток временски простор на којшто челниците сакаат да видат дека клубот излегува од кризата. Вест Хем во среда гостува кај Тотенхем во рамки на Лига Купот, што не е ниту малку лесен натпревар, а потоа во сабота ќе се соочат со претпоследната екипа на табелата, Кристал Палас.
Тие два натпревари ќе бидат клучни за Славен Билиќ, кој во случај на неуспег сигурно ќе заработи отказ, кој му се смешка веќе неколку месеци.