Дома Македонски спорт Мак ракомет Билети повеќе нема, Вардар експресно ги продаде: Пик Сегед ќе се „тресе“ пред полна сала!

Билети повеќе нема, Вардар експресно ги продаде: Пик Сегед ќе се „тресе“ пред полна сала!

Унгарскиот шампион на 25-ти април гостува во Скопје во рамките од четвртфиналето во Лигата на шампионите и овој тим во „Јане Сандански“ ќе го чека вистински пекол!

Македонскиот шампион Вардар ги продаде сите билети за овој натпревар. Влезниците за натпреварот со Сегед во продажба беа пуштени вчера и истите експресно беа распродадени. Се очекувао од таборот на Вардар да пуштат дополнителни билети за стоење.

Ова секако се одлични вести за Вардар кој сигурно дека пред полна сала ќе добие поголем мотив уште еднаш да ја израдува македонската спортска јавност со позитивен резултат.

Сите се надеваме дека Вардар одново ќе успее да избори место на завршниот фајнл-фор турнир во Келн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го чува Фадуил: договорена соработка до 2028 година

Матео Фадуил ги прифатил условите за продолжување на соработката со Вардар. Французинот ве…