Дома Фудбал Италија Билетите за Рома – Ливерпул продадени за три часа!

Билетите за Рома – Ливерпул продадени за три часа!

Италијанскиот клуб Рома потврди дека сите влезници за полуфиналниот дуел со Ливерпул во Лиагата на шампиони се продадени во рекорден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Рим владее голема фудбалска еуфорија, а елиминацијата на Барселона во четвртфиналето додатно ја „запали“ атмосферата. Прво беа пуштени во продажба 22.000 влезници кои веднаш се распродадоа, а потоа започна продажбата на преоснатите 35.000.

Според пишувањата на италијанските медиуми навивачите на Рома го „разграбале“ сите влезници за само 3 часа, па сега е веќе невозможно да се набават билети за дуелот кој е закажан за 2-ри мај.

Навивачите чекале пред продажните места и по 36 часа за да дојдат до билет, а откако биле пуштени во продажба се продале за рекордно време.

Првиот полуфинален натпревар се игра на „Енфилд“ на 24-ти април, а реваншот е на „Олимпико“ седум дена подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Земјотрес“ го тресе фудбалскиот свет: Салах е подготвен да ја намали платата само за да потпише за еден тим

Според медиумските информации, голем клуб направи прв конкретен чекор во обидот да го доне…