Дома Фудбал Останато „Билд“ открива: Арсенал започнал преговори со потенцијалниот наследник на Венгер!

„Билд“ открива: Арсенал започнал преговори со потенцијалниот наследник на Венгер!

Како што дознава секогаш добро информираниот „Билд“, Арсенал веќе започнал преговори со човекот кој би можел да го наследи Арсен Венгер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според реномираниот германски медиуми, Томас Тухел ги стартувал преговорите со „топчиите“, се наведува и дека токму тоа е причината поради која Тухел го одбил Баерн Минхен.

Тухел управата на Баерн ја информирал дека сака да се проба надвор Германија. Покрај Арсенал се шпекулираше и дека би можел да седне на клупата на Челзи како наследник на Антонио Конте.

Сепак, изгледа дека Арсенал е во добра предност во однос на ривалот од Премиер лигата и веќе ги започнал преговорите со респектабилниот тренер.

Германецот во овие моменти е без клуб, последниот ангажман го имаше на клупата на Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…