Дома Топ вести Билбао не е во форма, но Барса пристигнува ОСЛАБЕНА во Баскија!

Билбао не е во форма, но Барса пристигнува ОСЛАБЕНА во Баскија!

Екипата на Барселона вечерва во натпреварот од Примера во кој играат против Атлетик Билбао влегува значително ослабена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Секако, Каталонците се фаворити во овој натпревар и се освен победа би било изненадување. Но, како што пренесуваа каталонските медиуми Андрес Иниеста кој има огромно влијание во играта на каталонскиот гигант ќе го пропушти овој натпревар.

Ова секако е голем хендикеп за Барселона, да потсетиме Иниеста неодамна го продолжи договорот со Барселона.

Покрај тоа што ќе го пропушти натпреварот во Примера, доколку неговата состојба не се промени во наредните 24 часа тој би бил и под знак прашалник за натпреварот против Олимипијакос во Лигата на шампионите.

Иначе, тимот Баскијците оваа сезона не ја започнаа баш најдобро како во домашното првенство, така и во Лигата на Европа. Сепак, во Баскија се надеваат дека би можеле да го искористат отсуството на еден од најважните фудбалери на Барселона и да напарават изненадување.

Натпреварпт помеѓу Барселона и Атлетик Билбао се игра вечерва со почеток од 20:45 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

На повидок скандал на Светското првенство: Се зборува за наместен натпревар што ги одредува и судбините на БиХ и Австралија

Во пресрет на последното коло од Групата Д на Светското првенство, социјалните мрежи се пр…