Броевите се неверојатни, еве колку се финансиски напред, а повторно, тоа не се гледа во квалитетот на тимовите. Или не се согласувате?
Кога ги споредите бројките, тоа е смешно. Италијанските клубови на трансфери потрошиле вкупно 50 милиони евра во јануари. Никој од големите клубови не купуваше, Интер го донесе Лисандро Копез и Рафиња на позајмица, Наполи остана без засилувања, Милан нема средства, на Јувентус играчи не се потребни.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога се ќе се собере, продажбата и купувањето, практично е потрошено 20 милиони евра, Рома го продаде Палмиери во Челси, ова другото не е вредно да се спомене.
Англичаните потрошиле десет пати повеќе пари од Италијанците, близу пола милијарда евра, па кога се запрашате околу разликата помеѓу двете лиги, тој јаз не е толку голем, ако се има во предвид колку клубови во ПЛ имаат повеќе пари.
Најголемите трансфери во Англија се најскапиот дефанзивец на светот Ван Дијк, Ливерпул за него плати 85 милиони, Арсенал потроши 63 милиони на Обамејанг, додека Сити плати 65 милиони за Лапорта. Челси ги донесе Палмеиро и Жиру. Па така, во двата последни преодни рока, клубовите од ПЛ потрошиле две милијарди евра.
Што се однесува до шпанската лига, Реал не потроши ништо, исто како Јуве во Италија. Вкупно се до донесени играчи за 271 милион, од кои 160 милиони се потрошени за трансферот на Кутињо.