Дома Фудбал Франција Бизарно: Лион го избркал Марсело затоа што испуштал гасови во соблекувална

Бизарно: Лион го избркал Марсело затоа што испуштал гасови во соблекувална

Искусниот бразилски фудбалер Марсело кон крајот на јануари го напушти Лион, а денес повторно е во центарот на вниманието затоа што француските медиуми ја пренесуваат причината за раскинувањето на договорот и таа е навистина бизарна.

Неверојатно, но Марсело бил отпуштен од клубот затоа што испуштал гасови пред соиграчите во соблекувалната. Овој стопер само половина година претходно беше префрлен во вториот тим откако во август предизвика инцидент во соблекувалната и така најави дека му се ближи крајот во Лион каде што стигна уште летото 2017 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лион во неделата беше поразен во Мец со што ги изгуби шансите да стигне до Европа наредната сезона. Марсело само два дена после отказот во Лион премина во Бордо за кој се уште не одиграл ниту еден натпревар, иако овој тим се бори за опстанок.

Во кариерата Марсело играше уште за Сантос, Висла, а целосна афирмација доживеа во ПСВ и Хановер, додека помеѓу Германија и Франција една сезона помина во Бешикташ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…