Еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот, Карло Анчелоти, во моментов го предводи Реал Мадрид, но Европската куќа на фудбалот (УЕФА) нема милост ниту за него.
Анчелоти, ќе мора повторно да седне на училишна клупа бидејќи му истече тренерската лиценца и ќе мора да полага тренерски испит. Лиценцата му завршила на 21 декември минатата година и мора да ја продолжи, а „Кориере дело Спорт“ објави дека Италијанецот добил предупредување од УЕФА.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Анчелоти во кариерата тренираше неколку гиганти, меѓу кои се Милан, Челси, ПСЖ, Баерн Минхен и Реал Мадрид, со кои освои вкупно 21 трофеј, меѓу кои три во Лига на шампиони, секоја од топ-5 лигите, а минатиот месец го освои Суперкупот со Реал Мадрид.
Шпанскиот фудбалски сојуз реагираше на предупредувањето на УЕФА и побара да се откаже испитот бидејќи, според нив, нема логика толку искусен тренер пак да полага испит.