Eрик Максим Чупо Мотинг е еден од најдобрите камерунски играчи во овој момент, но сега поради грешка не добил повик.
Бизарна ситуација каква што ретко се гледа. Од камерунскиот фудбалски сојуз по грешка испратиле меил на сопствената адреса место до Баерн и Чупо Мотинг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога сфатиле дека направиле грешка веќе било доцна, па за овој квалификациски циклус останаа без напаѓачот на Баерн. Поради таа грешка Чупо Мотинг не добил повик.
„Го контактирав Баерн и тие потврдија дека не стигнал повик. Очигледно повикот бил испратен на погрешна адреса. Тоа е недостаток на професионалност“, изјави Чупо Мотинг.