Дома Фудбал Останато Бизарен проблем во Белград: Една статива од голот на стадионот на Партизан била помала

Бизарен проблем во Белград: Една статива од голот на стадионот на Партизан била помала

Вчера Партизан во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа на свој терен ја дочека Астана и на крајот славеше со 4:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Партизан по ремито со АЗ Алкмар во претходното коло (2:2) ги загуби шансите за пласман во следната фаза, па поради тоа овој натпревар немаше резултатско значење. И покрај тоа српскиот тим стигна до убедлива победа.

Пред почетокот на овој натпревар се случи една бизарна ситуација. Имено, пред почетокот на УФА претставниците на УЕФА утврдиле дека едниот гол бил подолг од другиот.

Контролорите на УЕФА заклучиле дека една статива од голот на северната трибина е за сантиметар подолг од онаа на спротивната половина на теренот што е навистина редок случај.

„Тоа се прописи кои важат за сите клубови, тоа е само една од многуте ставки кои УЕФА ги бара во натпреварите под нејзино покровителство, таквата ситуација е апсолутно нерегуларна“, изјави Ненанд Даниловиќ, претставникот на Партизан задолжен за кординација со УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…