Дома Македонски спорт Мак фудбал Бејтулаи: Подобар тим сме и веруваме во пласман во второто коло

Бејтулаи: Подобар тим сме и веруваме во пласман во второто коло

Капитенот на Шкендија Езгон Бејтулаи верува во успех на гостувањето кај Сумгаит.

Шкендија утре ги стартува европските квалификации кои сега се играат во нов формат поради пандемијата со коронавирусот, само еден натпревар. Бејтулаи верува дека Шкендија ќе игра во второто коло.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Веќе една недела специјално се спремаме за овој натпревар. Дојдовме тука да покажеме дека сме подобар тим и да се пласираме во второто коло. Свесни сме дека и противникот има квалитет, но ние сме подобри и верувам во позитивен исход. Сумгаит ќе има предност на домашен терен, но без гледачи и тоа не значи многу“, изјави капитенот на тетовци.

Сумгаит и Шкендија натпреварот го играат утре од 18:00 часот.у

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…