Дома Фудбал Италија Беше оспоруван и критикуван, а сега е најдобриот играч за врска на Милан

Беше оспоруван и критикуван, а сега е најдобриот играч за врска на Милан

bakayoko

„Росонерите“ се во проблеми поради повреди на фудбалерите, а таа ситуација ја искористи човекот кој беше многу оспоруван.

Повредите на играчите од средниот ред, Лукас Биља и Џакомо Боновентура го ставија Милан во незгодна позиција.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ротацијата во средниот ред е слаба, спортскиот директор Леонардо тоа ќе се обиде да го промени во јануари, а како опција се појави позајмување на Амаду Диавара од Наполи.

Малата можност за ротација најдобро ја искористи Тием Бакајоко кој успеа да врзе три добри натпревари во дресот на Милан.

Францускиот интернационалец стигна во Милано на позајмица со право на откуп и на почетокот беше многу оспоруван, но бројките покажуваат дека значително се подобрил во последните три натпревари. Бакајоко забележал седум успешни стартува, шест дриблинзи, добил 26 дуели, од кои осум воздушни и одземал 24 топки. Треба да се истакне дека во последните две категории е најдобар во клубот.

Ова значи дека човекот кој беше оспоруван и критикуван во последните натпревари статистички гледано е најдобриот играч за врска во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фабрицио Романо: Готово е – Димитриевски има нов клуб!

Голманот на македонската фудбалска А репрезентација, Столе Димитриевскиод следната сезона …