Дисциплинската комисија на Серија А ги соопшти санкциите за изминатото 29. коло во калчото.
Најинтересна казна заработи крилниот фудбалер на Јувентус, Фредерико Бернардески. Бернардески не доби забрана за настап, но ќе мора да плати 2.000 евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Паричната санкција за Бернардески не е поради некој прекршок или нешто слично, туку поради обид за симулација во градското дерби со Торино.
Oва веројатно е најава дека во Серија А ќе почнат да бидат сериозни кога во прашање е симулирањето на фудбалерите.
СИТУАЦИЈАТА ЗА КОЈА Е КАЗНЕТ БЕРНАРДЕСКИ
Bernardeschi was fined €2000 by the Serie A sport judge, for this dive against Torino… @BianconeriZone pic.twitter.com/C3H0nmQoU3
— Juve Canal (@juvecanal2) April 5, 2021
Утрово италијанските медиуми пренесуваа и дека Бернардески најверојатно е третиот позитивен на коронавирус во Јувентус. Претходно потврдени како позитивни се Бонучи и Демирал.