Дома Фудбал Италија Берлускони после промоцијата на Монца: Одиме по Скудето, па по Лигата на шампиони!

Берлускони после промоцијата на Монца: Одиме по Скудето, па по Лигата на шампиони!

За првпат во својата историја Монца ќе игра во Серија А, тоа им успеа откако во финалето од плеј-офот ја совладаа Писа со 3:4 после продолженија.

Како што е познато на чело на Монца се Силвио Берлускони, а спортски директор е Адријано Галијани, тандемот кој му носеше титули на Милан во најславните денови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Голема радост за целиот регион Брианца. Долго чекавте вакво нешто, радувајте се. Сега сме во Серија А, па така следна цел е Скудетото, а потоа и Лигата на шампионите. Јас сум навикнат да победувам, а нашиот пласман во Серија А и Скудетото на Милан ми го наполниај срцето“, изјави Берлускони по завршувањето на мечот со Писа.

Сигурно дека во предниот рок кој следи Монца ќе се засили неколку фудбалери со цел спремна да ги дочека предизвиците во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Касиљас објави фотографија: Драстично го променил изгледот, но и ги вознемири фановите

Славниот шпански голман Икер Касиљас објави фотографија на социјалните мрежи по повод свој…