Дома Фудбал Италија Берлускони: Овој Милан ме разочарува, имаат еден шампион и не го користат како што треба

Берлускони: Овој Милан ме разочарува, имаат еден шампион и не го користат како што треба

Спореди играта која ја прикажува Милан на стартот на сезоната, навивачите стравуваат дека ова е уште една сезона во која нема да имаат многу причини за задоволство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во дербито против Интер, Милан изгуби со 2:0, но беше комплетно надигран, само благодарение на Донарума на голот не примија повеќе погодоци.

Сега отворено за ситуацијата во Милан зборуваше Силвио Берлускони кој денес е сопственик на Монца.

Берлускони искрено порача дека Милан изгледа разочарувачки и дека не може да го гледа.

„Не го гледав дербито против Интер. Подолго време не ги гледам нивните натпревари и не сакам многу да зборувам за Милан. Нивниот стил на игра ме разочарува. Во овој Милан според мене има само еден шампион, а тоа е Сусо. Ќе ги советувам да го стават на позиција каде што ќе има повеќе контакт со топката и почесто ќе ги разигрува. Засега не го користат на таков начин“, изјави Берлускони.

Неодамна Берлускони и порача дека кога би играле натпревар, неговата Монца може да го победи овој тим на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп ја избриша фотографијата со навреда за Звезда, откриено и која била жената

Познатиот германски тренер Јирген Клоп се најде во центарот на вниманието на српската јавн…