Дома Фудбал Италија Берлускони: На крајот повторно ќе го купам Милан!

Берлускони: На крајот повторно ќе го купам Милан!

Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони најави дека повторно би можел да го купи клубот кој успешно го водеше повеќе од 30 години, а минатата сезона го продаде на кинескиот конзорциум.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Милан оваа сезона нема да ја оствари целта која беше поставена пред почетокот – пласман во Лигата на шампионите, а ниту самиот Берлускони не крие дека и тој како и навивачите е разочаран од учинокот на новите сопственици.

„На крајот повторно ќе го купам Милан. Многу луѓе ме застануваат и прашуваат зошто тоа го направив. Поради тоа изгубивме и добар процент на гласови на изборите кои се одржаа неодамна“, изјави Берлускони.

Берлускони го водеше Милан од 1986 година и за тоа време „росонерите“ освоија пет титули во Лигата на шампионите, осум во Серија А и три пати триумфираа на светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ доби две големи засилувања за финалето во ЛШ

ПСЖ доби големо засилување во пресрет на најважниот натпревар сезонава, откако Осман Дембе…