Берлускони го предводеше Милан во најсупешниот период на клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред неколку години славниот Италијанец се одлучи да го продаде Милан, но од тогаш „росонерите“ никако не можат да се вратат на старите патеки. Клубот потроши и многу финансии, проектите на новите газди кои доаѓаа се покажуваа како неуспешни.
И покрај тоа што не е во Милан, Берлускони ги следи случувањата и често пати испраќа критики на сметка на неговиот поранешен клуб. Сега тој порача дека единствен начин за Милан да излезе од кризата е да му го вратат клубот.
„Едонстававно е, но и тешко. За да се врати големиот Милан треба да му се врати на Силвио Берлускони. Овој Милан не е ниту бледа сенка на Милан кој јас го водев“.
Берлускони го прокоментира и проектот за градење на заеднички стадион на Милан и Интер.
„Навистина станува збор за убав проект, тие ќе имаат фантастична арена. Меѓутоа на „Сан Сиро“ има големи спомени и ќе дадам предлог да не се урива туку на него да игра мојата Монца“, изјави Берлускони.